72
Јувентус вечерва
го доби заостанатиот дуел со Аталанта и направи значаен исчекор во борбата за
Скудетото. Со головите на Игуаин и Матуиди, „Старата Дама“ рутински прокнижи
нови три бода и сега има +4 во однос на Наполи.
Резултатот беше
отворен по половина час игра. Даглас Коста продре по средина и му асистираше на
Гонзало Игуаин за 1-0.
Победникот беше
решен во 81. минута, Игуаин го проигра Матуиди кој прецизно биеше за 2-0.