1,7K
„Дербито на
Италија“ му припадна на Јувентус, избраниците на Масимо Алегри покажаа дека се уште се
главни на Апенинскиот полуостров.
Интер пристигна
во Торино во одлична форма, „Нероаѕурите“ имаа 7 победи во низа во Серија А, но
тука запре серијата.
„Старата Дама“
забележа минимална победа од 1-0 благодарејќи на прекрасниот гол на Хуан
Квадрадо.
Кон финишот на
првиот дел, Колумбиецот начека една исфрлена топка, и од преку 25 метри испрати
проектил за предност на домаќините.
Гостите средбата
ја завршија и со играч помалку, откако Перишиќ во судиското продолжение доби
црвен картон за приговор.