Елиминацијата на Португалија од Светското првенство значеше и крај на една голема ера, бидејќи Кристијано Роналдо го одигра последниот мундијалски натпревар во кариерата.
Португалците беа поразени од Шпанија со 1-0 во осминафиналето, а 41-годишниот капитен не успеа да ги задржи емоциите по последниот судиски свиреж. Роналдо теренот го напушти во солзи, свесен дека повеќе нема да настапи на Светско првенство. Легендарниот напаѓач зад себе остави шест учества на Мундијалите, со вкупно 27 натпревари, 11 голови и две асистенции во дресот на Португалија.
Еден од највпечатливите моменти по натпреварот беше гестот на Ламин Јамал. Младата шпанска ѕвезда најпрво се поздрави со Роналдо, а потоа го прегрна во знак на почит, сцена која брзо стана вирална на социјалните мрежи.
Funny how they called Lamine Yamal arrogant and a spoilt brat, yet he was the one who went over to console Cristiano Ronaldo after the final whistle. ❤️ pic.twitter.com/S0H2vZST8T
— MC (@CrewsMat10) July 7, 2026