Ламин Јамал испрати самоуверена порака до Франција веднаш по пласманот на Шпанија во полуфиналето на Светското првенство.
Младиот фудбалер порача дека „триколорите“ имаат причина да стравуваат, потсетувајќи дека Шпанија веќе двапати ја совлада Франција во последните неколку години.
„Ако Франција треба од некого да стравува, тоа сме ние. Веќе двапати ги победивме. Искрено, мислам дека сме двете најсилни селекции на Светското првенство, но никого не се плашиме. Можеби изгледа дека не играме најдобро, но сите се повлекуваат против нас. Никој не игра отворено. Најважно е што повторно победивме. Среќни сме, но не сме задоволни. Дојдовме да останеме до финалето“, изјави Јамал.
Полуфиналето меѓу Франција и Шпанија е на програмата во вторник во 21:00 часот.