Големиот шпански талент, Габри Виега пред две години изненади со изборот да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, но откако заработи 20 милиони евра, реши да се врати во Европа и сега е пред потпис со Порто.
Габри Виега важеше за еден од најперспективните фудбалери во својата генерација, беше на радарот на екипи како Наполи, Реал Мадрид, Ливерпул и Манчестер Сити, но летото во 2023 година изненади со својот избор и реши на 20 години да направи трансфер во Ал Ахли.
На сите им беше јасно дека неговата преселба во Саудиска Арабија е мотивирана од парите, тој доби 20 пати поголема плата односно од 500.000 евра годишно кои ги заработуваше во Селта, доби 10 милиони евра по сезона во Ал Ахли.
И покрај тоа што негираше дека парите му биле главниот мотив, по две години поминати во Саудиска Арабија и заработени 20 милиони евра, Габри Веига реши да се врати назад во Европа.
Неколку извори попладнево објавија дека фудбалерот од средниот ред е пред трансфер во Порто во зделка вредна околу 15-16 милиони евра.