Ибрахимовиќ: Гвардиола е незрел, вистинските мажи ги решаваат проблемите

by
1 минути читање

Уште не стивнува гневот кај таборот на Манчестер јунајтед по поразот во големото градско дерби. Денеска Ибрахимовиќ повторно го кажа своето негативно мислење за Гвардиола.

Швеѓанецот уште еднаш го раскажа неговото искуство со Пеп во Барселона и потенцираше дека тој е најнезрелиот тренер со кој работел.

„Му реков на Гвардиола дека ги жртвува другите фудбалери за Меси. Тој ми рече дека ме разбира“, раскажува Ибра за Скај Италија.

„Потоа ме седна на клупата за следниот натпревар, и на мечот потоа, и потоа“.

„Си помислив „многу добро го решил проблемот“, потоа престана да зборува со мене, дури избегнуваше и да ме погледне“.

„Јас ќе влезев во собата, тој ќе излезеше. Јас ќе отидев да се сретнам со него, тој одеше на некое друго место“.

„Проблемот беше негов, тој избегнуваше да го реши проблемот со мене. Се сеќавам на мојот прв ден ми рече дека фудбалерите на Барселона не доаѓаат на тренинг со Ферари и Порше“.

„Тој веќе ме осуди, но ако не познавате некоја личност, не можете да ја судите веднаш. Такво е моето искуство со него, не знам за другите“.

„Читав дека истото им се случувало и на Манџукиќ и на Ето. Тој не беше најлошиот тренер со кој сум работел, но беше најнезрелиот бидејќи мажите ги решаваат своите проблеми“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани