406
Џенова со 2-0 го победи Интер во денешниот вечерен натпревар од Серија А, Горан Пандев беше јунак на својот тим.
Резултатот беше отворен пред самиот крај на првото полувреме кога по асистенција од Шкрињар, Ранокија си постигна смешен автогол.
По 15 минути игра во второто полувреме, Лаксалт асистираше до Горан Пандев кој погоди и го постави конечниот резултат од 2-0.
Пандев во минатото коло стрелаше против Лацио, а вечерва против Интер. На македонскиот фудбалер му остана уште Наполи за оваа сезона да погоди против сите свои поранешни клубови кои сега се во Серија А.