И Џани има свој план како да ги заузди лудите трансфери, ФИФА подготвува нов правнилник

by
2 минути читање

УЕФА веќе го
имплеметираше Финаксискиот фер плеј, а се најавува дека европската куќа на фудбалот
работи и на надградба на овој систем која првенствено ќе биде насочена против
петро доларите на ПСЖ и Манчестер Сити.

Новиот предлог
кој се крча, ФФП 2.0, треба да обезбеди балансиран настап на трансфер пазарот,
односно разликата помеѓу сумата платена за нови играчи, и сумата добиена од
продажба на играчи нема да може да биде поголема од 100 милиони евра.

Лекип сега
пренесува дека и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино сака да го промени
трансфер системот и светската куќа ќе разгледува извештај во кој ќе има 11
точки кои ќе треба да донесат гаранции за интегритет во фудбалот.

Повеќе ќе нема
трансфер пазар во јануари

ФИФА сака само
еден преоден рок, и тоа би значело дека повеќе ќе нема трансфери во јануари,
сите зделки ќе се случуваат во летните месеци.

Трансфер пазарот
да се затвори пред почетокот на првенствата

Џани Инфантино е
фан на предлогот кој Премиерлигата ќе го имплеметира следната сезона. Трансфер
пазарот во најсилното првенство на Англија ќе биде затворен денот пред да почне
првото коло од новата сезона. „Задоволен сум со предлогот на Премиерлигата, има
логика во тоа да знаете кои играчи ќе ги имате на располагање кога ќе започне
сезона и да знаете каков ќе биде вашиот состав во текот на сезоната“.

Селари кап

Првиот човек на
ФИФА сака да се воведе селари кап, односно да ги лимитира планите на играчите но за секој клуб поедничено во зависност од
тоа колав е неговиот приход. Џани Инфантино на овој начин сака да направи
подобар баланс помеѓу клубовите и поголема конкурентност.

Поголема
регулација врз агентите

Кај Џани
Инфантино владее голема загриженост поради превисоките провизии кои ги земаат
агентите. Во последните 12 месеци биле потрошени околу 5,1 милијарда евра на
трансфери, а за провизии на агенти и посредници биле платени повеќе од 400
милиони евра. „Мислам дека провизиите за агентите одат во загрижувачка насока,
и многумина од агентите се сложуваат со мене“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани