Хрватска со победа над Гана до нокаут фазата на Мундијалот!

by riste
1 минути читање

Хрватската фудбалска репрезентација со 2-1 славеше над Гана и се пласираше во наредната фаза од Светското првенство, Англија со 2-0 беше подобра од Панама.

Сучиќ во 31. минута го отвори резултатот, донесе водство за Хрватска од 1-0.

Тој резултат беше актуелен се до 73. минута кога Лакасен израмни на 1-1.

Десет минути подоцна Влашиќ по асистенција од Модриќ ја донесе победата за Хрватите.

Англија со 2-0 ја совлада Панама и го завери првото место. Двата гола беа постигнати во второто полувреме.

Белингем во 62. минута даде гол за 1-0, а пет минути подоцна тој асистираше до Кејн за конечни 2-0.

Англија го освои првото место со седум бода, втора е Хрватска со шест, Гана собра четири и како една од најдобро третопласираните оди понатаму. Панама заврши на последното место без бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×