Хрватите „плачат“ по елиминацијата: Иако добија доказ, сметаат дека Матановиќ не ја допрел топката (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Хрватска не може да се помири со елиминацијата од Светското првенство, откако во драматичниот дуел со Португалија беше поништен голот на Јошко Гвардиол во длабокото судиско продолжение.

Во прв момент изгледаше дека причината е очигледен офсајд, но по прегледувањето на снимките стана јасно дека клучниот момент бил минималниот контакт на Игор Матановиќ со топката.

Токму сензорот вграден во топката регистрирал допир, по што ВАР потврдил дека офсајд позицијата на Марио Пашалиќ останува активна. Одлуката предизвика бројни реакции, особено меѓу хрватските навивачи, кои сметаат дека нивната репрезентација е оштетена.

На социјалните мрежи веднаш се појавија голем број коментари и критики на сметка на ВАР и технологијата што беше искористена при донесувањето на конечната одлука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×