Халанд херој на Норвешка, закажа четвртфинале против големиот Бразил (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Ерлинг Халанд со погодокот број 60 во националниот дрес донесе четвртфинале против големиот Бразил

Норвешка со 2-1 ја доби пресметката против Брегот на Слоновата коска, Ерлинг Халанд со погодокот број 60 во националниот дрес донесе четвртфинале против големиот Бразил.

Норвешка и Брегот на Слоновата коска одиграа возбудлив натпревар во Тексас, на крајот популарните „викинзи“ славеа со 2-1 и се пласираа во следната рунда.

Нуса маестрално пласираше во аголот за предност на Норвешка од 1-0 на пет минути пред крајот на првиот дел.

Одговорот на БСК дојде во 74. минута, кога Амад Диало направи дар-мар во противничката одбрана и ја затресе мрежата за 1-1.

Сепак, на пет минути пред крајот на сцена стапи Халанд, кој доби топка на тацна од Берг и рутински реализираше за 2-1 и огромно славје.

Брегот на Слоновата коска импресионираше на мундијалот, но за жал ќе мора да си ги пакува куферите, додека пак Норвешка во четвртфинале ќе излезе на мегдан со големиот Бразил.

ФОТО: X/Fotballandslaget

Можно е и ова да ти се допаѓа

×