94
Манчестер Сити по
гостинскиот триумф од 0-4 кај Базел, мечот пред своја публика требаше да биде
само формалност, а се чини дека тоа и така го сфатија фудбалерите на лидерот во
Премиерлигата во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите откако загубија
со 1-2.
„Среќни сме поради
фактот што се најдовме во четвртфиналето, од реваншот само тоа што се
пласиравме е позитивно, другото е мизерија. Посебно лоши бевме во второто
полувреме кога дури и заборавивме да додаваме“ истакна шпанскиот стратег од клупата
на англискиот тим, Пеп Гвардиола по мечот.