93
Најпријатното
изненадување во Бундеслигата оваа сезона, РБ Лајпциг овој викенд гостува кај
Борусија Дортмунд.
Но во пресрет на
средбата со „Милионерите“, РБ Лајпциг е десеткуван, неколку важни играчи нема
да настапат поради грип.
Првиот стрелец,
Тимо Вернер уште вчера отпадна од комбинација, а денеска дома биле испратени и
Марсел Сабицер и Диего Деме.
Тренерот Ралф
Хасенхитл исто така има грип, а плејмејкерот Емил Форсберг е суспендиран.
РБ Лајпциг во
моментов е на второто место и има 11 бода повеќе од Борусија Дортмунд, „Милионерите“ се на четвртата позиција на табелата.