125
22-годишниот Габриел Веига за кого се интересираа сите гиганти, но тој го одбра Ал-Ахли, ќе му се врати на европскиот фудбал.
Саудиска Арабија претежно беше дестинација за истрошени фудбалери, па трансферот на Веига во Ал-Ахли ги изненади сите.
Сепак, младиот фудбалер по една година сфати каде му е местото и се враќа во Европа.
Порто е клубот кој е најмногу заинтересиран за Веига, се водат сериозни преговори во кои се инволвирани сите страни.
Се очекува преговорите да завршат позитивно и Шпанецот да стави потпис на договор со Порто.