Шпанија доби сериозен удар пред почетокот на нокаут фазата на Светското првенство, откако Нико Вилијамс заработи повреда на дуелот против Уругвај.
Крилниот напаѓач се повреди по стартот на Николас де ла Круз во самиот финиш од натпреварот, а прегледите покажаа повреда на десниот адуктор.
„Ова ми е еден од најлошите денови во животот. Повторно се повредив по една многу тешка година“, порача Вилијамс преку социјалните мрежи.
Проблемите за селекторот Луис де ла Фуенте се зголемија бидејќи повреда заработи и Јереми Пино, додека Виктор Муњоз сè уште не е подготвен за настап. Тоа значи дека пред нокаут мечот против Австрија, Ламин Јамал е единствениот целосно подготвен природен крилен напаѓач во шпанскиот состав.
Шпанија како првопласирана во групата Х на 2 јули ќе се соочи со Австрија во шеснаестинафиналето на Мундијалот.