Тони Крос е неизвесен за реваншот со ПСЖ, фудбалерот од средниот ред ги оштетил лигаментите на левото колено и најмалку 15 дена ќе биде надвор од стројот.
Според денешното издание на АС, Германецот ја заработил повредата при еден дуел со Килијан Мбапе во 34. минута од средбата на Бернабеу.
По жестокиот судир со Французинот, Тони Крос чуствувал болка но решил да продолжи. Тој не само што играл еден час повреден, туку и беше играчот на Реал Мадрид кој најмногу претрча против ПСЖ. Репрезентативецот на „Панцирите“ мечот го заврши со 13,3 километри во нозете.
По крајот на натперварот, кога Германецот се оладил, болката станала неподнослива, па тој ги алармирал докторите. По еден ден одмор, вчера тој заминал во болница на детални тестови кои покажале оштетување на лигаментите на коленото.
Целта на лекарскиот тим сега е да го оспособат Тони Крос за реваншот против ПСЖ кој ќе се одигра на Паркот на Принцовите на 6. март.