Серија Б не прави
пауза за календарот на ФИФА за репрезенативни обврски, па Палермо ќе биде
ослабен на следните два натпревари.
До моментов се
повикани шест играчи, а секако најзвучни се имињата на капитенот Илија
Несторовски и Александар Трајковски. Во ноември, Македонија му излезе во
пресрет на Газда Ѕампарини и тогаш го ослободи „Нестогол“ од обврските, но
„Црвено-жолтите“ сега нема да ги исполнат желбите на „Сицилијанците“.
Се говори дека
првиот човек на Палермо побрал од Фудбалската федерација на Италија да
интервенриа и да ги поништи добиени повици, но тешко дека ќе се случи вакво
нешто.
Па затоа контроверзниот бизнисмен ангажирал правници кои имаат за задача убаво
да ги прочешлаат актите на ФФИ.
„Доколку не
обезбедиме промоција во Серија А, ќе тужам и ќе барам оштета!” – вели газада Ѕампарини. „Веќе им
дадодов наредба на нашите адвокати. Одредени одлуки се против самите правила на
ФФИ”.
„Невозможно е
клуб кој се бори за промоција да остане без играчи кои се повикани за
пријателски натпревари. Тоа е против вредноста на спортот, какви се тие
вредности кога останувате без половина тим поради пријателиски натпревари?”
Покрај Илија
Несторовски и Александар Трајковски кои се повикани за пријателските натпревари на
Мекедонија против Финска и Азербејџан, повик добија и Норберт Балог од младата
репрезентација на Унгарија, Ивајло Чочев од сениорската репрезентација на
Бугарија, Јосип Посавец од младата репрезентација на Хрватска и Аљаж Струна од сениорската репрезентација на Словнија.