Адемола Лукман и Џанпјеро Гасперини веројатно ги запокаа воените секири и ситуацијата во Аталанта се среди. Двајцата имаа сериозни препукување и тоа јавно преку медиумите поради однесувањето на играчот кога сакаше тој да изведе пенал, иако не требаше да го направи тоа.
Тогаш Гасперини го критикуваше, а играчот не премолчи и настана хаос. Сепак, делува дека ситуацијата е подобрена според последната изјава на искусниот тренер.
„Кога ќе минете 300 дена годишно заедно, може да дојде до несогласици. Лукман е фантастичен играч, но стана и исклучителен дури откако почна да го гледа тимот од поинаква перспективан. Некогаш беше повеќе индивидуалец, не беше лошо момче, ама беше прилично себичен. Кога го коригираше овој пристап Аталанта порасна поради него. Сигурен сум дека може да стане капитен на тимот до крајот на сезоната“, изјави Гасперини.
Аталанта во неделата го декласира Јувентус на гостински терен со 0-4 и остана во трката за скудетото.