Светската куќа на фудбалот (ФИФА) сериозно ја разгледува опцијата за промена на терминот за осминафиналниот натпревар помеѓу Англија и Мексико, а главна причина за ваквиот чекор се лошите временски неприлики.
Според првичниот распоред, овој дуел требаше да се одигра во ноќта помеѓу недела и понеделник со почеток во два часот по полноќ. Сепак, новата идеја е средбата да се помести дури шест часа порано, односно во недела навечер од 20 часот.
Со евентуалната промена на саатницата, организаторите сакаат да го избегнат големото невреме кое е најавено токму за времето кога Англичаните и Мексиканците требаше да излезат на теренот.
Од ФИФА нагласуваат дека ова сценарио засега е само предлог и сè уште се чека за конечно решение.
Доколку се прифати новиот термин (недела, 20 часот), тоа ќе донесе и мала ротација во програмата, па така дуелот меѓу Бразил и Норвешка најверојатно би започнал во 23 часот, наместо во претходно предвидениот термин од 22 часот.
🚨 FIFA in ongoing talks over possibility of moving #Mexico v #England kick-off earlier on Sunday due to weather disruption risk, including flooding. No confirmation yet but talks continue between parties – looking probable. W/ @Dan_Sheldon_ @TheAthleticFC https://t.co/Y8NptiONAy
— David Ornstein (@David_Ornstein) July 3, 2026