Еве ја маката на Рамос на Ипуруа: Спринтот во соблекувална и шегите на клупата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Кралевите“ пет
минути играа со играч помалку против Еибар откако Серхио Рамос мистериозно го
напушти теренот во 73. минута. По крајот на мечот, Зинедин Зидан ја разјасни
целата ситуација и откри дека дефанзивецот се покакал во гаѓи и морал да замине
во тоалет.

На шпанските
медиуми очигледно не им бега ништо, па камерите на Мувистар ја уловија маката
на капитенот на „Кралевите“.

Серхио Рамос
најпрво го извести главниот судија за проблемите и потоа со трчање замина во
соблекувална. По него веднаш се упати и едно лице од лекарскиот тим на Реал,
кој потоа им пренесе на останатите за што се работи, по што почнаа шегите на
клупата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани