1,1K
Екипата на Њукасл славеше со 1:0 против Вест Хем во рамките од 28. коло во Премиер лигата.
Њукасл имаше неколку сериозни шанси, а моментот на одлука се случи во 63. минута кога Бруно Гимараеш ја затресе мрежата на ривалот од Лондон.
Њукасл со овој триумф скокна до шестата позиција и има 47 бодови, односно два помалку од четвртопласираниот Челси.