Пари Сен Жермен повторно се враќа во Лондон, но овојпат за многу поважен натпревар – првиот полуфинален дуел против Арсенал во Лигата на шампионите. Во октомври парижани загубија на „Емирати“ со 2-0, но Луис Енрике е убеден дека ситуацијата сега е сосема различна.
Тренерот на ПСЖ на официјалната прес-конференција го пофали ривалот, но и потенцираше дека неговиот тим значително напредувал.
„Арсенал е еден од најдобрите тимови во Европа. Со топката се блиску до совршени, а одбранбено играат организирано и дисциплинирано. Станува збор за екипа со јасен идентитет
Сепак, ние сме комплетно различен тим од тој што играше овде во октомври. Во меѓувреме ја освоивме четвртата титула по ред во Лига 1, стигнавме до финалето на Купот на Франција и ги елиминиравме Ливерпул и Астон Вила. Тимот созреа и подготвен е за предизвикот што го носи Арсенал“, изјави Енрике.
Првиот полуфинален дуел меѓу Арсенал и ПСЖ се игра вечерва од 21:00 часот на „Емирати“.