Елмас: Се надевам дека нема да ја завршам кариерата без да играм на Мундијал!

by Стефан
1 минути читање

Елиф Елмас не крие дека најголемата желба во неговата репрезентативна кариера е еден ден да заигра на Светско првенство со Македонија.

Во интервју за „Флешскор“, македонскиот репрезентативец отворено зборуваше за своите амбиции со националниот тим. Иако во моментов вниманието е насочено и кон неговиот нов клуб Аталанта, каде што започнува нова етапа од кариерата, за Елмас најголемиот сон останува поврзан со Македонија.

Елмас со младинската репрезентација играше на Европското првенство до 21 година во 2017 година, додека со сениорскиот тим беше дел од историскиот настап на Европското првенство во 2021 година.

„Отсекогаш сонувам да играм на Светско првенство со Македонија. Игравме на Европско првенство до 21 година, потоа и на сениорското ЕП во 2021 година, а сега Мундијалот е мојата најголема цел. Но, не треба да мислиме само на Светското првенство, туку прво да се насочиме кон Европското првенство во 2028 година.

Сè додека сум фит и нозете ме служат, ќе давам максимум. Се надевам дека нема да ја завршам кариерата пред да успеам да се пласирам на Светско првенство со Македонија. Ако треба, ќе играм и по 40-тата година“, порача македонскиот „дијамант“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×