Мексико без поголеми проблеми го совлада Еквадор со 2-0 и обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство.
Дефанзивецот на Еквадор, Пјеро Хинкапие, заработи директен црвен картон по вербален конфликт со Сантијаго Хименез. Во текот на расправијата фудбалерот ја покри устата додека разговараше со противникот, што е прекршок според новото правило на ФИФА.
Главниот судија Славко Винчиќ првично не ја санкционираше ситуацијата, но по интервенција од ВАР ја прегледа снимката и му покажа црвен картон на Хинкапие.