Џенова одлично го почна натпреварот, со погодок на Бертолачи уште во четвртата минута поведе со 1-0.
Тие беа подобар противник, создаваа можности и за зголемување на водството, но пред крајот на полувремето Иличиќ го изедначи резултатот на 1-1.
По четири минути игра во вториот дел Пандев излезе еден на еден со голманот Бериша и кога се очекуваше рутинска завршница тој шутираше директно во него. Одбиената топка повторно дојде до Пандев но и во вториот обид голманот на Аталанта повторно беше поуспешен.
Промашувањето на Пандев веднаш беше казнето, во 52. минута по асистенција од Илиќиќ, Масиело реализира за водство на Аталанта од 2-1, резултат кој се покажа како конечен.
Пандев во игра остана до 77. минута кога беше заменет.