Две големи летни засилувања го напуштаат Милан уште во јануари?!

by
1 минути читање

„Росонеритe“ играат во лоша форма, а не се сјајни ниту работите надвор од теренот. Има многу прашалници околку финансиската моќ на новите сопственици, а Милан најверојатно ќе добие шлаканица и од Нион.

Имено, се погласно се говори дека УЕФА ќе го одбие предлогот за доброволен договор за Финансиски фер плеј, па клубот од Сан Сиро ќе треба да прибира средства.

Според Ла Стапма, еден од плановите е во јануари Милан да се раздели со Андре Силва и Хакан Чалханоглу.

Португалецот пристигна за 38 милиони евра плус бонуси од Порто, а Турчинот за 22 милиони евра плус бонуси од Баер Леверкузен.

Па идејата е тие да се испратат на позајмица со цел нивната вредност да не падне доколку продолжи лошата форма на Сан Сиро. Доколку во продолжението од сезоната тие блесна во друг клуб, Милан ќе може да заработи добро од нивна продажба следното лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани