Додека Аргентина ги слави победите на репрезентацијата, федерацијата ја тресе скандал!

by riste
1 минути читање

Аргентина продолжува со успешните настапи на Светското првенство и цела држава го слави триумфот над Египет (3-2), но во исто време Аргентинската фудбалска федерација (АФА) се најде во центарот на голема финансиска истрага во Соединетите Американски Држави.

Американските власти проверуваат наводи за перење пари и финансиски злоупотреби чија вредност, според информациите, надминува 300 милиони долари. Истрагата ја водат ФБИ и Министерството за правда на САД, а како дел од постапката во Мајами бил сослушан аргентинскиот бизнисмен Гиљермо Тофони. Во фокусот на истражителите се комерцијалните договори на АФА, како и финансиските трансакции кои се одвивале преку американски компании и банкарски сметки.

Во меѓувреме, претседателот на АФА, Клаудио „Чики“ Тапија, престојува во САД заедно со аргентинската репрезентација. Тој веќе се соочува со постапка и во својата земја, каде се испитуваат наводи за неправилности при управувањето со даночни и пензиски средства. Во оваа фаза од истрагата не е покренато обвинение ниту против Тапија, ниту против Аргентинската фудбалска федерација. Американските истражители ги анализираат финансиските текови со цел да утврдат дали постоеле незаконски активности.

Случајот во меѓувреме се прошири и надвор од рамките на АФА. Побарана е проверка и на работењето на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, а во пријавите се наведуваат и сомнежи дека дел од судиските одлуки на Светското првенство можеби биле во корист на одредени национални селекции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×