Ден за финале во Лигата на шампионите – се игра во необичен термин

by riste
1 минути читање

Со денешното финале од Лигата на шампионите меѓу Арсенал и ПСЖ се спушта завесата на клупскиот фудбал во Европа и погледите ќе се насочат кон Мундијалот.

Денешното финале се игра во термин кој е поразличен од она што сме навикнале, мечот во Будимпешта почнува од 18 часот.

ПСЖ е благ фаворит во овој натпревар, тие ја бранат титулата, а Арсенал ја напаѓа. Момците на Артета по освоената Премиер лига со дополнителна самодоверба ќе влезат во денешното финале.

„Финалето е шанса да се испише ново поглавје во историјата на вој клуб. За да го направиме тоа, мора да играме со јасност, многу храброст и најголема желба за победа“, вели Артета.

Луис Енрике има пофалби за Арсенал, но вели дека целта на францускиот клуб е да продолжи да биде еден од најдобрите.

„Во финале нема фаворити, нашата цел е да продолжиме да бидеме еден од најдобрите клубови во Европа. Не сум изненаден што Арсенал ја освои Премиер лигата. Седум години под водство на Артета, одличен тим, тие беа најконстантни оваа година“, рече Енрике.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×