Репрезентацијата на Франција лесно и без поголеми проблеми дојде до третата победа откако вечерва ја совлада Норвешка со 4-1.
Норвжеаните како предвреме да се откажаа од првото место во групата, па селекторот Солбакен одлучи да излезе со целосно изменет состав и им даде одмор на најдобрите. Франција тоа го искористи и победата ја обезбеди уште во првото полувреме.
Херој беше Дембеле кој ги постигна трите погодоци. Првиот во седмата минута, вториот во 20-тата и третиот во 32. (ТУКА) Асгард во 21. минута стрелаше за Норвежаните.
Во второто полувреме не видовме погодоци, а Норвешка во 50-тата минута пропушти голема прилика да дојде до втор гол откако Ларсен промаши пенал. Конечниот резултат во самата завршница го постави Дуе.
Сенегал во вториот натпревар ја забележа првата победа во групата и тоа убедлива над Ирак со 5-0. Сенегалците издоминираа, Геје постигна два гола, а по еден Диара, Ндаје и Сар. Со овој триумф Сенегалците дојдоа до позиција да се надеваат дека како една од најдобрите осум третопласирани ќе продолжат во следната фаза.