70
Лукас Мура во изминатиот зимски јануарски преоден рок го напушти ПСЖ и се пресели во Тотенхем, а Бразилецот веќе го постигна и првиот гол за тимот од Лондон.
Тотенхем ремизираше кај нисколигашот Рочдејл со 2-2, а токму Мура го израмни резултатот на 1-1 в второто полувреме. Во продолжение вистинска драма се случуваше во финишот, Кејн донесе пресврт, а домаќините преку Дејвис во самиот финиш израмнија и најавија нова пресметка помеѓу овие два тима во петтото коло од ФА Купот.