Дани Алвеш се извини за коментарот за Астори

by
1 минути читање

За разлика од останатите, Дани Алвеш излезе со поинаква изјава за смртта на Астори, тој изрази симпатии кон семејството на фудбалерот и знае дека нивната тага е огромна, но ги искритикува другите, особено медиумите со тоа што рече „Илијадници деца секојдневно умираат од различни причини но не добиваат толку големо внимание“.

За ваквиот негов коментар јавно беше искритикуван од Балотели кој рече: „Не можеш да коментираш вака кога се соочуваш со нечија смрт во моментов“.

Дани Алвеш сега му одговори на Балотели и се извини на тие кои биле навредени.

„Доколку е така како што Балотелињо рече, не сакав да навредам никој. Живееме во свет каде често треба да бидеш дволичен за да бидеш ценет од другите луѓе. Во секој случај, доколку некој го навредив се извинувам“, напиша Алвеш на својот твитер профил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани