Медиумите од Бразил пренесуваат дека Нејмар ќе се најде на поширокиот список на „кариоките“ за Светското првенство, истиот треба да биде доставен до ФИФА на почетокот од следната недела.
Карло Анчелоти и неговите соработници ги финализираат плановите за мундијалот во САД, а главното прашање е, „Дали Нејмар ќе настапи на Светското првенство?“
Напаѓачот ниту еднаш не доби повик од Карло Анчелоти, па се чини дека мали се шансите љубителите на фудбалот да го видат напаѓачот на најголемата сцена.
Сепак, како што пренесува Глобо, Нејмар ќе се најде на поширокиот список на Бразил.
„Кариоките“ на почетокот од следната недела до ФИФА ќе достават список од 55 имиња, и на него ќе биде вметнат Нејмар.
Но и покрај ова, мали се шансите тој да биде вметнат во конечниот список од 26 фудбалери, се верува дека Анчелоти ќе го однесе на мундијалот само доколку Нејмар докаже дека е целосно фит, а за тоа има малку време.
Конечниот список од 26 фудбалери треба да биде доставен до 2. јуни, и истиот може да биде коригиран само во случај на посериозна повреда или болест, а новото име на конечниот список треба да дојде од поширокиот список.