Италијанските комични презентери Алесандро Онис и Стефано Корти од шоуто Ла Лен, кое се емитува на Италија 1, подготвија непријатно изненадување за Антонио Конте.
Тренерот на Челси одговараше на прашања кога новинарот му пријде, му презентираше кратко видео од Онис и Корти и му го даде дресот.
„Антониоооо, ти праќаме подарок од твојот нов пријател, Жозее Мурињоооо. Тој ни кажа дека те сака. Види што напиша на подарокот за тебе…„Твојот пријател, Жозе“. Можеш ли да ни ветиш дека следниот пат кога ќе играш против него ќе се смирите? Ајде Антонио, ќе бидете пријатели засекогаш“, гласеше видео пораката од италијанските комичари.
Тие пред извесен период го насамарија и Жозе Мурињо откако го убедија да го потпише дресот од Манчестер јунајтед без Португалецот да знае каде ќе заврши тој.
Антонио Конте и Жозе Мурињо имаа неколку вербални војни преку прес конференциите оваа сезона.