Чави за првпат во кариерата може да води клуб во Премиер лигата, го сака англиски гигант

by Стефан
1 минути читање

Челси повторно е во потрага по ново тренерско решение, откако оваа сезона клубот прво се раздели со Енцо Мареска, а потоа не ги исполни очекувањата ниту под водство на Лијам Розенор. Сега, како изненадувачка опција за клупата на „сините“ се споменува Чави Ернандез.

Англиските медиуми пренесуваат дека раководството на Челси разгледало повеќе имиња, но засега ниту едно не изгледа како целосно реално или лесно изводливо решение. Меѓу кандидатите беа Франческо Фариоли и Сеск Фабрегас, но Фариоли наводно сака да остане во Порто, додека Фабрегас е фокусиран на својот проект во Комо.

Во игра бил и Чаби Алонсо, по што во комбинација влегол и неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата, Чави Ернандез. Поранешниот тренер на Барселона испиша историја со освојувањето на Ла Лига во сезоната 2022/23, но подоцна следуваше пад на формата и разделба со каталонскиот клуб.

Во последните две години Чави повремено се поврзува со различни клубови, но без конкретни преговори. Одбил и понуда да ја преземе репрезентацијата на Мароко, бидејќи како што се наведува, сака да работи исклучиво на највисоко клупско ниво.

Иако Челси би можел да биде сериозна опција која тешко се одбива, останува дилемата дали Чави е вистинското решение за нестабилната ситуација на „Стемфорд Бриџ“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×