Англискиот
репрезентативец ја отфрли можноста да се пресели во Челси уште во летниот
преоден рок, откако беше подготвен да се пресели во Тотенхем, но овој пат „Сините“
од Лондон повторно влегуваат во битката за потписот на Баркли откако Тотенхем
не успеа да го ангажира на почетокот од новата сезона.
Актуелниот важечки
договор на 24 годишниот фудбалер со Евертон истекува идното лето, а
информациите велат дека тимот од Ливерпул нема да го пушти туку-така лесно да
си замине, па за неговите услуги во јануарскиот преоден рок бараат 50 милиони
фунти. Ова е далеку од понудата на Челси која претходно изнесуваше двојно помалку
(25 милиони фунти), и беше одбиена од Евертон.
Баркли се уште нема
настап за Карамелите во новата сезона поради повреда.