Чех конечно одбрани пенал за Арсенал и стана првиот голман со 200 натпревари без примен гол во Премиерлигата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Топчиите“ практично и да немаат за што да играат во Премиерлигата со оглед на тоа дека топ 4 пласман изгледа невозможна мисија, но и покрај тоа попладнево без многу проблеми го добија дуелот со Ватфорд.

Со погодоците на Мустафи, Обамејанг и Мхитарјан, Арсенал славеше со 3-0.

Но мечот помина во знакот на Петр Чех, голманот со еден удар утепа две муви и собори рекорди кои долго време ги чекаше. Тој го спречи ударот од белата точка на Дини и конечно го одбрани првиот пенал во дресот на клубот од Северен Лондон. Чехот исто така стана и првиот голман во Премиерлигата кој на 200 натпревари ја сочувал сопствената мрежа (162 во дресот на Челси и 38 во дресот на Арсенал).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани