Бунт во репрезентацијата на Уругвај, четворица играчи побарале приватна средба со „лудакот“ Бјелса

by bojan
1 минути читање

Медиумите пишуваат за бунт во репрезентацијата на Уругвај во пресрет на клучниот натпревар против Шпанија на Светското првенство, четворица фудбалери побарале приватна средба со тренерот Марсело Бјелса.

Уругвај е пред рана елиминација на мундијалот во САД откако не успеа да ги победи Саудиска Арабија и Зелено’ртските Острови, и се ќе зависи од мечот против Шпанија, првиот фаворит за врвот во групата.

Во пресрет на оваа пресметка, медиумите пишуваат за бунт во репрезентацијата, четворица фудбалери побарале приватна средба со тренерот Марсело Бјелса.

Серхио Рошет, Мануел Угарте, Родриго Бентанкур и Федерико Валверде отворено му го изразиле незадоволството на Марсело Бјелса од неговиот однос и начинот на работа.

Посебно реагирале на исцрпувачките тренинзи, тврдејќи дека високото темпо придонесува за повреди и замор кај дел од играчите, кои остануваат без доволно енергија уште пред почетокот на натпреварите.

Тие исто така под знак прашалник ги ставиле и тактичките замисли на селекторот, сметале дека против Шпанија тимот треба да игра поповлечено и својата шанса да ја бара преку контри.

Како одговор на ова, популарниот „лудак“ ја собрал репрезентацијата и одржал монолог од 48 минути, порачувајќи дека нема да отстапи од својата филозофија.

Дел од играчите демонстративно ја напуштиле просторијата без да сакаат да разговараат со селекторот. Според истите извори, Роналдо Араухо изјавил: „Се надевам дека Бог ќе ни помогне да продолжиме понатаму, но оваа ситуација е неодржлива.“

ФОТО: X/Selección Uruguaya

Можно е и ова да ти се допаѓа

×