Еден од најдобрите голгетери во историјата на фудбалот, Кристијано Роналдо, отсекогаш бил познат по тоа што не ги крие емоциите, без разлика дали станува збор за големи победи или болни порази.
Во текот на кариерата неколкупати беше снимен како плаче по елиминации на Португалија или на клупско ниво, а Светското првенство во САД, Канада и Мексико е неговото последно во кариерата и последна шанса да го освои најпосакуваниот трофеј со репрезентацијата.
Токму затоа, букмејкерите објавија една необична квота која привлече големо внимание кај љубителите на фудбалот.
Прашањето гласи: Дали Кристијано Роналдо ќе заплаче за време на Светското првенство?
За одговорот „Да“ квотата е 2.00, додека за „Не“ изнесува 1.75.