Бенфика без својот лидер и во реваншот со Барселона!

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Бенфика и на реванш дуелот во осминафиналето на Лигата на шампионите ќе биде без еден од лидерите.

Португалскиот тим и тренерот Бруно Лаж нема да може да смета на ветеранот Анхел Ди Марија, чие искуство е драгоцено во елитното натпреварување. Аргентинецот не отпатува со тимот во Барселона поради повреда на левата нога.

Ди Марија се повреди пред еден месец во првиот плеј-оф меч со Монако, а иако имаше најави дека можеби ќе се врати за реваншот со Барселона, тоа не е случај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани