„Арсенал Фан ТВ“ е доста
популарен извор на видеа каде навивачите ги даваат своите гледишта за одредени
случувања во клубот од Лондон, а истиот редовно ги посетува сите натпревари на
Арсенал а потоа прави и анкети со фановите за да се слушнат нивните мислења, но
очигледно одредено мислење допрело негативно до Ектор Бељерин, кој нема
позитивна реакција за сево ова.
„Мислам дека не постои
фудбалер на тимот кој го следи каналот „Арсенал Фан ТВ“ или пак ги гледа
видеата од истиот. Понекогаш ми излегува реклама од тој канал, понекогаш пријатели
ми велат да видам што рекол одреден навивач на клубот на тој канал“ вели
Бељерин за каналот кој има речиси 700 илјари следбеници.
„Погрешно е за некој кој
се смета себе си за фан а нивниот неуспех во тоа што го прават е многу поголемо
од успех. Како може тој да биде навивач? Таму се само луѓе кои прават неред,
сакаат да заработат пари на нивен сопствен начин“ додаде шпанскиот бек.
„Сиве овие работи
воопшто не допираат до нас, доколку тие сакаат да се забавуваат со тоа, нека се
забавуваат, кога ќе созреете како личност тогаш сфаќате што е важно во вашиот
живот, а што не. Доколку тренерот ми пријде и ми рече дека нешто сум згрешил,
тогаш ќе го прифатам тоа, но доколку некој од тој канал рече дека некој
фудбалер од тимот треба да направи одредено нешто, во тој случај нема да го
послушам тој совет“ заклучи Бељерин.