Дел од каталонските
медиуми пак тврдат дека Луиз отпатувал за Барселона за да направи медицински
прегледи кај специјалист за коленото, но исто така, патувањето го искористил и
за разговор со претставници на каталонскиот гигант.
Барселона наводно
испратила понуда до Челси за да го ангажира Бразилецот на како позајмен
фудбалер, а клубот дефинитивно е во потрага по квалитетен дефанзивец кој би можел
да го замени Хавиер Маскерано, од причина што тој веќе е извесно дека ќе се
пресели во Кина. Финансиски детали од понудата на Барселона до Челси, засега не се познати.
Сигурно дека Луиз, кој веќе не е во преден план кај Антонио Конте, нема
да седи со скрстени раце на шест месеци пред Мундијалот во Русија, а со тоа ќе
се обиде сериозно да влезе во плановите на селекторот Тите за тој голем
фудбалски настан.