Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона прави обиди да го украде Родри од Реал Мадрид, тренерот Ханси Флик лично му се јавил на фудбалерот за да му го објасни проектот на „каталонците“.
Изминативе недели често се пишуваше за трансфер на Родри во Реал Мадрид, но преговорите тапкаат во место, па Барселона сака да ја искористи ваквата ситуација и да го украде Шпанецот.
И покрај тоа што ангажман на Хулијан Алварез е приоритет, „каталонците“ опипале терен за трансфер на Родри, сметаат дека Шпанецот е шанса која не треба да се пропушти.
Одредени извори дури велат дека тренерот Ханси Флик лично му се јавил на играчот за да му го објасни проектот и да го убеди да го одбере „Камп Ноу“ како следна дестинација наместо „Бернабеу“.
Спорт додава дека на трансферот „работат“ и неколку играчи на Барселона, меѓу кои и Ламин Јамал, кои во неколку наврати разговарале со Родри и сакале да му ја доловат атмосферата во соблекувалната и проектот што се гради.
Останува да се види каква ќе биде конечната одлука на Родри, кој ја одработува последната година од договорот.