Арсенал во финална битка да го задржи Озил

by
2 минути читање

Актуелниот важечки
договор на Месут Озил со Арсенал истекува идното лето, доколку не дојде до
обновување на соработката помеѓу двете страни наскоро, тој би можел да преговара со
заинтересираните клубови уште во јануарскиот преоден рок.

Според информациите кои
ги објавија дел од медиумите на Островот, се вели дека Арсенал има финален обид
за да го задржи еден од своите најдобри фудбалери во своите редови на подолг
период.

Мирор минатиот месец наведе дека Озил
добил понуда вредна 275,000 фунти неделна плата за да стави потпис на нов
договор со Арсенал, во спротивно, 29 годишниот фудбалер ќе има можност да
отвори преговори со Манчестер јунајтед или пак Барселона, кои се споменуваат
како негови следни дестинации. Претходно, се шпекулираше дека Озил бара 350,000
фунти неделна плата за да остане.

Преговорите постојано
се во тек со сите, не само со Озил, нашата врата е постојано отворена, за
останатите детали не би можел ништо повеќе да откривам
“ изјави францускиот
стратег Арсен Венгер.

Статистички, кога
Санчез, Озил и Лаказет се нашле во почетните состави на Топчиите, Арсенал ги
доби дуелите против Евертон на гости, како и оние против Свонси и Тотенхем пред
своја публика. Ова е нешто што Венгер секако го знае, а со самото тоа се потврдува значењето на тројцата претходно наведени фудбалери за Арсенал.

Од друга страна пак
вреди да се издвои дека Арсенал делува очајно во ситуацијата со Санчез, кој по
се

се чини дека и дефинитивно го напушта клубот најдоцна до
идното лето кога му истекува договорот, постои опција Арсенал да заработи на
негова продажба во јануарскиот преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани