Партнерството
помеѓу Арсенал и авиокомпанијата од Дубаи кое започна во 2006 ќе продолжи и во иднина, двете
страни потпишаа нова соработка која ќе трае барем до крајот на сезоната
2023/24.
„Топчиите“ не
откриваат детали и бројки но се пофалија дека новиот пет годишен договор е
најбогат спонзорски договор во нивната историја.
Логото на „Флај
Емирејтс“ ќе стои на дресовите на Арсенал како и на тренинг опремата, „Топчиите“
ќе продолжат да летаат со лусузните авиони на „Флај Емирејтс“ кога ќе одат на
турнеја, а авиокомпанијата ќе ги задржи
маркетинг правата да развива кампањи и иницијативи ширум светот. Стадинот ќе
продолжи да го носи името Емирати се до 2028, како дел од договорот за
продолжување на соработката во 2012.
Според пишувањата
на медиумите од „Островото“, пет годишниот договор е вреден преку 200 милиони
фунти.