Арсенал уште во првиот натпревар против Остерсундс го реши прашањето околу патникот во осминафиналето во Лига Европа, тимот на Венгер ја оправда улогата на фаворит и победи со 3-0.
Топчиите поведоа со гол на Монреал уште во 13. минута, десетина минути подоцна Мхитарјан центрираше а Папаганопулос си постигна автогол за водство и од 2-0. Конечните 3-0 ги постави Месут Озил во 58. минута.
Со истиот резултат Милан го победи Лудогорец. Росонерите во реваншот можат и да одморат дел од своите фудбалери. Кутроне, Родригез и Борини беа стрелци на головите за росонерите.
Интересно беше во Дортмунд каде Борусија со 3-2 ја победи Аталанта. Шурле донесе водство за домаќините од 1-0, а во вториот дел Иличиќ со два гола направи комплетен пресврт и донесе предност за италијанскиот тим од 2-1.
Потоа на сцена стапи Батшуаи кој најпрво во 65. минута го изедначи резултатот, а потоа во судиското продожение од мечот донесе и победа од 3-2.
Со два гола на Балотели, Ница имаше водство од 2-0 против Локомотив Москва, но на крајот рускиот тим се радуваше на победа од 3-2.
Противникот на Вардар во Лига Европа, Реал Сосиедад одигра само 2-2 на свој терен против Салцбург, Атлетик Билбао со 3-1 славеше кај Спартак во Москва, Марсеј со 3-0 ја победи Брага.