Арнаутовиќ до балканскиот селектор на Алжир: Зошто давате гол за 3-2? (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Ремито меѓу Австрија и Алжир (3-3) донесе вистинска драма на Светското првенство, а по последниот судиски свиреж во центарот на вниманието се најде Марко Арнаутовиќ. Австрија израмни на 3-3 во 96. минута преку Саша Калајџиќ и со тој гол стигна до второто место во групата.

По натпреварот на социјалните мрежи се појави видео на кое Арнаутовиќ му дофрла нешто на селекторот на Алжир, Владимир Петковиќ: „Владимире, еј, зошто постигнувате гол за 3-2?

Иако изворот кој го пренесе видеото напиша поинакви информации, делува јасно што изговара Арнаутовиќ кон Петковиќ пред да замине на клупата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×