Аргентина со луд пресврт до победа над Египет и четвртфинале на СП! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Актуелниот светски шампион, Аргентина, се врати од два гола негатива и го победи Египет со 3-2 за пласман во четвртфиналето од Светското првенство.

Аргентина и Египет одиграа неверојатен натпревар, шампионот беше пред елиминација, но успеа да се врати и да победи.

Египет поведе во 15. минута со гол на Ибрахим. Аргентина можеше да се врати шест минути подоцна, но Меси промаши пенал.

Во 58. минута Зико даде гол, но судијата со помош на ВАР го поништи поради фаул на спротивната страна на теренот.

Сепак десет минути подоцна Зико повторно даде гол, овојпат регуларен за водство на Египет од 2-0.

Но, Аргентина не се предаде, продолжи да напаѓа. Во 79. минута Ромеро по асистенција од Меси намали на 1-2.

Притисокот се засили, а само четири минути подоцна Меси даде гол за израмнување на 2-2.

Се очекуваше дека ќе има продолженија на натпреварот, но во 92. минута Енцо Фернандез даде гол со глава за комплетен пресврт и победа на Аргентина од 3-2.

Аргентина во финалето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Швајцарија и Колумбија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×