Пол Сколс уште еднаш покажа дека има „фудбалски нос“ – легендата на Манчестер Јунајтед и Англија направи речиси совршена прогноза за развојот на Лигата на шампионите, уште пред да започнат четвртфиналните дуели.
Неговата видео-прогноза, снимена пред неколку недели, стана вирална откако беа познати финалистите – Пари Сен Жермен и Интер. Токму тие два тима Сколс ги предвиде како финалисти, што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Од целата нокаут-фаза, Сколс направи само една грешка – наместо Арсенал, очекуваше Реал Мадрид да го добие четвртфиналето и да оди во полуфинале. Но, сите останати прогнози му беа точни: најави победа на ПСЖ во дуелот со Реал (или Арсенал), веруваше дека Интер ќе го елиминира Баерн, а Барселона ќе ја победи Борусија Дортмунд.
Во полуфиналето, според него, Интер требаше да биде подобар од Барса, што и се случи – по ремито 3:3 на „Камп Ноу“, „нероаѕурите“ славеа со 4:3 во реваншот во Милано и закажаа финале со ПСЖ, кое ќе се игра во Минхен на 31 мај.
Сколс можеби повеќе не е на теренот, но со вакви прогнози, очигледно останува вистински мајстор на играта.
They clowned my king Paul Scholes for this 🤧 pic.twitter.com/2jJJZXLooN
— Uncle Sharma 🎙️ (@RSharmzz) May 7, 2025