116
Четирите селекции не го прифатија планот на ФИФА за поместување на термините за осминафиналните натпревари на Светското првенство.
Поради најава за невреме, ФИФА дојде на идеја мечот меѓу Англија и Мексико да почне шест часа порано од предвиденото. Со тоа требаше да биде поместен и дуелот меѓу Норвешка и Бразил за час или два подоцна.
Ваквата идеја на ФИФА падна во вода откако селекциите не се сложија. Тие сметаат дека со тоа се нарушува планот за подготовки и се скратува времето за одмор.
Дополнително, загрозени беа и дел од фановите кои своите конекции да стигнат на стадионот ги планирале за првично утврдените термини.