Англија со 3-2 го победи Мексико и се пласираше меѓу најдобрите осум на Светското првенство, Англичаните речиси едно полувреме играа со фудбалер помалку, но ја остварија целта.
Возбудлив натпревар одиграа Англија и Мексико, по кој уште еден домаќин го заврши настапот на Мундијалот.
Резултатот го отвори Белингем во 36. минута кога по асистенција од Сака, тој погоди со глава за водство од 1-0.
Брзо по изведувањето на центарот, Англичаните ја одземаа топката, Белингем и Кејн направија еден-два проигрување по кое играчот на Реал Мадрид пак даде гол, Англија поведе со 2-0.
Во самиот финиш од првото полувреме Мексико се врати во игра, Кинонес постигна гол и намали на 1-2.
По девет минути игра во вториот дел, Кванса заработи директен црвен картон поради остар старт. Англија остана со фудбалер повеќе и така беше повеќе од 45 минути со оглед на долгото судиско продолжение.
Но, во 60. минута Англичаните поведоа со 3-1. Беше досуден пенал за нив, реализатор беше Хари Кејн.
Неколку минути подоцна Кејн направи прекршок во сопствениот шеснаесетник, беше покажан пенал за Мексико кој го реализираше Раул Хименез, намали на 2-3.
До крајот на мечот Мексиканците се обидуваа да израмнат и да го однесат натпреварот во продолженија, но Англија се одбрани и слави четвртфинале.
Во четвртфиналето Англичаните ќе играат против Норвешка која претходно направи сензација елиминирајќи го Бразил.